Заменик претседателот на Кривичниот суд Скопје, Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ се судиите на претходна постапка кои одредија мерки на претпазливост за осомничените за упадот во М-НАВ, објави ТВ Телма. Според одлуката, како што беше наведено од Судот, осомничените добиле забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, а одземени им се и патните исправи односно има забрана за нивно издавање.
Меѓу мерките за претпазливост кои им се изречени е и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација, но објаснување зошто е одбиен предлогот на Обвинителството за пртивор, засега нема.
Судијата Пајазити веќе неколку години е заменик претседател на Кривичниот суд, а неговото име, како што пренесуваат дел од медиумите, се споменуваше кога тој беше судија за извршување на санкции кој го изготвуваше упатниот акт за екс премиерот Груевски.
Судијката Крстиќ, како што пренесе Телма, е една од судијките во предметот „Машинопромет“ против Мирослав Шиповиќ, екс претседавач на Советот во општина Центар, а медиумите пишуваа дека била и дел од Кривичниот совет кој го му го смени притворот со куќен притвор за екс началникот Горан Грујевски во предметот „Тврдина“ на СЈО.
Против одлука на судиите на претходна постапка, како што наведоа денеска од Јавното обвинителство ќе биде поднесена жалбазатоа што беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај