Пахор: ЕУ да го гледа Западен Балкан како целина

by fokus

Усвоена е заедничка декларација во рамките на процесот Брдо-Бриони со која се повикува Европската унија да го гледа регионот на Западен Балкан како целина, соопшти претседателот на Словенија, Борут Пахор.

– Ја повикуваме ЕУ да го гледа регионот на Западен Балкан како целина, и не само како одделни земји со кои преговара, рече Пахор на заедничката прес-конференција со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Според него, Брисел треба да го гледа регионот како геополитичко прашање.

– Тоа е реципрочен процес. ЕУ мора да го забрза проширувањето и земјите од Западен Балкан мора да ги забрзаат реформите, додаде Пахор.

Лидерската средба се одржа во Словенија по повод десетгодишнината од процесот Брдо-Бриони, која беше одложена двапати поради пандемијата на коронавирус.

Тоа е иницијатива покрената од Борут Пахор, поранешен словенечки премиер, а сега претседател, во соработка со Хрватска во 2010 година, со цел зајакнување на меѓусебната доверба и помагање на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон Европската унија.

Поврзани новости