Нови 27 заразени со корона, 19 починати пациенти – најмладиот имал 46 години

by fokus 16:00
16:00

Во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 19, Прилеп, Штип и Виница – по 2, Струга и Кочани – по 1.

Регистрирани се 192 оздравени пациенти од: Скопје – 83, Куманово – 17, Битола – 11, Струмица – 9, Велес – 7, Штип, Струга, Кочани и Крива Паланка – по 6, Прилеп – 5, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 4, Тетово, Неготино и Крушево – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

- Advertisements -

Пријавени се вкупно 19 починати лица: 7 од Скопје (58г, 61г, 67г, 74г, 76г, 76г и 78г), 3 лица од Тетово (46г, 72г, 74г), по 2 лица од Прилеп (61г и 67г) и Ресен (66г и 73г), по едно лице од Велес (63г), Гостивар (78г), Охрид (85г), Виница (68г) и Гевгелија (76г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 15 лица во болнички услови.

Направени се 1.314 тестови преку: ИЈЗ-132, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-108, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-36, Жан Митрев (Филип Втори)-199, Авицена-127, Биотек-134, Систина-199, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–3, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 329.

Досега во земјата се направени вкупно 757.794 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.

Поврзани новости