Паѓа бројката на починати во Италија, регистрирани под 700 мртви од Ковид-19

by Frosina Fakova

Италијанските власти соопштија за нови 681 починати од корона вирусот во земјата во последните 24 часа.

За првпат во повеќе од една недела дневниот број на жртви е под 700. Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата досега изнесува 15.362.

Вкупниот број на заразени, вклучувајќи ги и починатите и оздравените, изнесува 124.632. Од вчера има 2.886 нови случаи на зараза. Во Италија досега се излекувани 20.996 луѓе. За првпат од почетокот на епидемијата, во земјата има и пад во бројот на луѓето што се на интензивна нега. Денеска тој број изнесува 3.994 наспроти 4.068 вчера.

– Тоа е важна вест, затоа што им дозволува на нашите болници да земат здив. За првпат бројката паѓа од почетокот на итната состојба, изјави шефот на италијанската Цивилна заштита Анџело Борели.

Поврзани новости