По синоќешното невремето кое ја зафати територијата на град Делчево, се одржа координативен состанок на Кризниот штаб на кој присуствуваа претставници на локалната самоуправа, Јавното комунално претпријатие, Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи и МВР Делчево.
На состанокот беа дефинирани понатамошните активности за справување со последиците кои ги предизвика силниот ветар и обилниот дожд, а во својата изјава, градоначалникот Горан Трајковски кој исто така беше дел од средбата изјави дека најважно е што досега не е пријавено ниту еден повредено лице како последица на силното невреме.
– Делчево го зафати невреме со посериозни размери со ветришта и поголема количина дожд, но за наша среќа нема пријавено ниту еден повреден и тоа е најважно. Има материјална штета на институции и откорнати дрвја и паднати бандери но сето тоа ќе се надомести, најважно е ќе повторам што нема ниту еден повреден – рече Трајковски.
Ситуацијата во моментот како што рече е стабилна, а утврдување на фактичката состојба ќе трае во наредниот период.
Вакво невреме, како што посочи, го нема зафатено Делчево многу години наназад поради што апелираше до граѓаните таму каде што треба помош да се јават до Комуналното претпријатие МВР и Центарот за управување за кризи.