Пожарникари од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп од 21:15 до 00:20 часот со три пожарникари и едно возило спасиле лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени.
Лицето било живо, но повредено и со возило на Брза помош е пренесено во болницата во Прилеп.
-За природата на повредите нема податоци, но важно било дека било живо и дека можеле да го извлекуваат од бунарот, за да го спасат. Заради студеното време и намалувањето на температурата ноќе, иако бил на заветрина во јамата, е опасно да се биде неподвижен надвор. Инаку, ТППЕ Прилеп, во текот на вчерашниот ден, во период од 13:50 до 14:37 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на пожар на отворено, гаснеле заплена ниска вегетација во близина на месноста „Одпад Даскало“, соопшти ЦУК.
Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК од реалните итни повици, кон Полиција биле упатени 55,34%, кон Итната медицинска помош 35,60%, кон пожарникарите 2,91%, кон ЦУК 5,83%, а кон АМСМ 0,32% од повиците од 112 во ЦУК. Вкупниот број на итни повици се движи во дневниот викенд просек од 1.500 до 2.000 повици за едно деноноќие.