Државниот пазарен инспекторат ги изрече и првите казни за непочитување на одлуката на Владата за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари. На четири фирми им се изречени парични казни од над 300 000 денари.
-Во контролите се направени четири записници со утврдени неправилности, изречени се парични казни од над 300 000 денари. Казните се многу високи, тие се согласно Законот за трговија, дури и со Законот за заштита на потрошувачи, каде се движат од 500 до 10 000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра по одговорното лице во правното лице. Во Скопје се утврдени три неправилности и во Куманово една неправилност, односно ситуација каде што лебот не е по замрзнатата цена, односно беше над 33 денари – вели Александра Котели од ДПИ во изјава за медиумите.