Шефик Дураки, заменик-претседател на огранокот на ДУИ, денеска јавно ја објави својата оставка од партиските функции во ДУИ, пренесува албанскиот портал Журнал.
– Ја најавив пред членовите на огранокот и партиските органи мојата оставка од позицијата заменик-претседател на ДУИ во Арачиново, но денес сакам да ја потврдам за јавноста, да го изразам незадоволството на организацијата на ДУИ, воопшто, а особено на функционирање на ниво на ограноци. Јас како активист од основањето на ДУИ јавно го изразувам разочарувањето и незадоволството не од политиките и програмите на ДУИ, туку од начинот на партиската организација и создавање на различни групи и кланови. И понатаму сум активист на политичката ориентација достојна на ДУИ, но не и во служба на кланови – истакна Дураку.
Освен него, вчера оставки поднесоа и заменик-министерот за одбрана од редовите на ДУИ, Арбен Лабеништа и организациониот секретар на партијата на Али Ахмети, Хазби Лика.