Во 14 часот СДСМ ќе „пука“ нова бомба во општина Центар

by Фокус 10:36
10:36
Опозицискиот СДСМ денеска ќе ја објави 23-тата „бомба“. Во паркот Капиштец, во скопската општина Центар, градоначалникот на општината Андреј Жерновски во 14 часот ќе објави нови аудио снимки за локалните избори во 2013 година.

Аудио снимките од прислушуваните разговори се однесуваат на изборните манипулации за време на локалните избори во општина Центар, кога власта по 10-годишно владеење ја изгуби оваа општина, како и за протестите што беа организирани пред општината наводно да не се руши црквата „Св. Константин и Елена“.

Поврзани новости