547
Во доцните вечерни часови, врнежи од снег го зафатија највисокиот град на Балканот, Крушево.
Иако можеби неочекувано за овој период од годината, климата во Крушево и студеното време си го направија своето. Ова секако ќе ги израдува крушевчани, кои полека, но сигурно се подготвуваат за зимската сезона.
Во текот на зимските месеци, Крушево е едно од најпосетените места во Македонија, пред се поради чистиот воздух, пријатното време и историјата што ја има овој град.
Фотографија – Фејсбук „Монтана Палас“