Падна кран во Кавадарци – двајца загинати

by fokus 10:49
10:49

Две лица починаа при пад на кран во Кавадарци, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Информацијата за МИА ја потврдија и од Основното јавно обвинителство во Кавадарци од каде велат дека несреќата се случила на локација каде се гради зграда.

На местото на несреќата се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Поврзани новости