73
Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа е добиена пријава за паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата Автокоманда.
Од ЦУК денеска соопштија дека веднаш по добиената информација Секторот за операции и координација ги известил Министерството за внатрешни работи и ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, коишто испратиле екипи и интервенирале во отстранување на паднатото дрво.