За сите љубители на адреналински авантури, второто издание на фестивалот WheninKrusevo, од 30 јуни – 01 јули ќе понуди активен викенд на над 1,000 метри надморска висина исполнет со многу активности и забава на отворено.
Доколку сакате да поминете еден незаборавен викенд, да почувствувате малку возбуда преку ден, а навечер да се забавувате со врвни изведувачи, тогаш пријавете сѐ за учество на второто издание на авантуристичкиот фестивал на крушевското езеро WheninKrusevo. Ве очекуваат голем број на спортски настани и тури – мала и голема планинарска и велосипедска тура, планинска трка со TREX, кајакарење и SUP со KayakAdventures / Кајак Авантури, тандем параглајдинг со HeliXC, off-roadуживање со бубите на TheBeetlesClub, кросфит часови со Fitness Challenge, нуркање за почетниции уште многу други активности!
Во Програмата за фестивалот е предвидена и зона за игри и забава за најмалите авантуристи, за повозрасните ботаничка тура, а учесниците на фестивалот ќе може да ги посетат и Македониумот, Спомен куќата на Тоше Проески и Галеријата на Никола Мартиноски.
За најголемите авантуристи е организирана камп зона покрај крушевското езеро со тоалети и тушеви.
Вечерите се резервирани за добра забава со Igor Dzambazov и GURU HARE, BetaHouseBand, DJ-и и секако греми наградуваната реге атракција од Јамајка InnerCircle!
Резервирајте ја вашатаавантура на When in X или MkTicketsили воЈуготон и УниверзалнаСала, и овој викенд на адреналински забави во Крушево.