Судијката Кацарска кој го осуди Груевски на две години затвор, ќе им суди на Чавков и пратениците од ДПМНЕ за крвавиот четврток

by Fokus

Судијката Добрила Кацарска, која му пресуди на Никола Груевски двегодишна затворска казна, ќе го суди случајот со насилниот упад на 27 април лани, објави Алсат.

Изборот бил направен преку електронскиот систем за распределба на случаи, познат како АКМИС.

Од Кривичниот суд информираат дека дополнително ќе соопштат кога ќе стартува овој процес каде 30 лица се обвинети за тероризам и загрозување на уставниот поредок. Меѓу обвинетите се и пет пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, како и екс-директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

Поврзани новости