Овен „распали“ кон Манчестер јунајтед: Се претворија во просечен тим!

by fokus

Поранешниот репрезентативец на Англија, Мајкл Овен го критикуваше Манчестер Јунајтед за настапот на тимот оваа сезона.

Јунајтед одигра уште еден просечен натпревар и ремизираше 0-0 на гостувањето кај АЗ Алкмар во Лигата на Европа синоќа.

„Сега можеме со сигурност да кажеме дека Манчестер Јунајтед се претвори во просечен тим. Сигурен сум дека нема да можат да најдат место во првите шест на Премиер лигата оваа сезона. Ова е веројатно најслабиот Манчестер Јунајтед во последните децении. Пропаѓањето трае веќе неколку години, и секој пат кога ќе си кажеме дека не може да биде полошо, работите се влошуваат. Солскјер се раздели со играчи како Лукаку, Ерера, Дармијан, Санчез, Смолинг. Тој очигледно реши да започне од нула со млади момчиња, изјави Мајкл Овен за британските медиуми.

Поврзани новости