Овчар нападнат од мечка на Шар Планина, куртулил благодарение на кучињата

by Fokus

Жител на тетовското село Лисец во текот на вчерашниот ден имал непријатна случка со мечка, додека ги напасувал своите овци по шарпланинските предели. За среќа, не бил потешко повреден, затоа што навреме реагирале овчарските кучиња кои ја избркале мечката.

„Вчера 13:20 часот во полициската станица Тетово Г.Ј (52 ) од Лисец пријавил дека околу 10 часот на бачило во месноста Рах каде напасувал свое стадо овци бил нападнат и повреден од мечка. Според неговите кажувања тој бил застанат на височина и кога забележал дека има мечка која се упатила кон него почнал да бега кон нагорнината. Мечката го стигналa и го оборила, со што го повредила но при тоа реагирале неколкуте кучиња и мечката избегала. Во болница му констатирале полесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување. Потоа дошол и во полициска станица да го пријави случајот“, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Поврзани новости