Оваа година два пати се покачуваа платите на здравствените работници, велат од Министерството за здравство

by Fokus

Од Министерството за здравство велат дека здравствените работници оваа година два пати добиле покачување на платите. Ова следи по најавата на здравствените работници за предупредувачки протест во четврток.

„Еднаш во првата половина на годината се покачија за 2000, 2500 и 3000 денари за три различни групи здравствени работниици. Сега на 9 октомври имаше ново покачување од 10%, плус договорена е исплата на регрес на крајот на годината.

Апсолутно сметаме дека покачувањето е значајно и министерството за здравство и министерот Меџити од преземањето на функцијата силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат меѓудругото и на оваа заложба“ се вели во соопштението.

Сепак, како што додаваат, можностите и буџетот не дозволуваат повеќе.

„Министерството веќе одржа повеќе состаноци со синдикатите каде беше разговарано на оваа тема при што детално им беше образложен пристапот на Владата и Министерството на здравство во однос на покачувањата“ појаснуваат од министерството.

Поврзани новости