Блинкен открива каде би можло да се очекува следен конфликт:„Се подготвува нова инвазија“

by Fokus

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен информираше мала група конгресмени дека американската влада ја следи можноста Азербејџан наскоро да ја нападне Ерменија, изјавија два добро упатени извори кои сакаа да останат анонимни.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев претходно ја повика Ерменија да отвори „коридор“ долж нејзината јужна граница, со што ќе го поврзе копното на Азербејџан со ексклавата што се граничи со Турција и Иран и се закани дека ќе го реши проблемот „со сила“.

Во телефонски разговор на 3 октомври, конгресмените го притиснале Блинкен за можна акција против Алиев, како одговор на инвазијата на Азербејџан во регионот Нагорно-Карабах во септември, велат изворите, објави „Политико“.

Блинкен одговори дека Стејт департментот бара начини да го повика Азербејџан на одговорност и дека САД не планираат да го обноват договорот што дозволува испраќање воена помош во Баку. Блинкен рече дека постои можност Азербејџан да ја нападне јужна Ерменија во наредните недели.

Сепак, тој изрази уверување дека тековните дипломатски разговори меѓу Ерменија и Азербејџан ќе дадат резултати, велат изворите.

Блинкен разговараше со демократските конгресмени, вклучувајќи ги Ненси Пелоси и Ана Еше од Калифорнија и Френк Палоне од Њу Џерси.

По нападот на Азербејџан врз регионот Нагорно-Карабах минатиот месец, повеќе од 100.000 етнички Ерменци го напуштија регионот.

Поврзани новости