519
Премиерот на Индија, Нарендра Моди, денеска на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка, што се одржува во Узбекистан, имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин.
-Ова не е време за војна – му рекол Моди на Путин.
Рускиот претседател, пак, истакнал дека сака што побрзо да заврши судирот во Украина, но, според него, Украинците сакаат да ги постигнат своите цели на бојното поле.