1.3K
Одлуката е срам за Судскиот совет, вели судијката Софија Лаличиќ која денеска беше разрешена на седница на Судскиот совет за претставка на адвокатот Асмир Алиспахиќ.
-Дали за ваква бенигна работа за казнување на адвокат за што одлуката е укината на двостепен суд, ако за ваква работа се разрешува судија јас поставувам прашање -тогаш поблагите санкции за што служат, изјави Лаличиќ за Телевизија 24.
За објавените „бомби“ Лаличиќ вели дека од 2015 досега не била повикана во Судскиот совет во однос на оваа околност. Таа е 12-та судијка која досега е разрешена. Судскиот совет ја разреши откако адвокатот Алиспахиќ го казни со 2000 евра, а причина за оваа казна е што на фејсбук статус ја нарече „сваровски судијка“.