Ова е болно, сто пати слушнавме како ни биле убиени децата, реагираат роднините на убиените во Монструм

by fokus

Ова е многу болно за нас, ова не се издржува, реагираа роднините на петмината убиени кај Смилковското езеро откако во судницата повторно почна да се чита во детали како биле најдени мртви нивните деца и како биле распарани со куршуми.

Но, обвинетиот Фејзи Азири инсистираше да се прочитаат дел од извештаите на работната група која се формирала во Министерството за внатрешни работи во кои се опишува предистражната и истражната постапка што се водела за Монструм.

Ова е многу болно за нас, не се издржува, сто пати ова го имаме слушнато, реагираа родителите.

Азири бараше да биде прочитано во која положба биле најдени автомобилите и што било најдено во нив.

Оружје е најдено, сами се отепале, револтирано реагираа родителите.

Судот одлучи да се прочита само хронолошки што се случило. Беше прочитано дека на местото на настанот увид извршил обвинителот Марко Зврлевски и Ненад Савевски.

Деталниот извештај од МВР треба да ги демантира гласините дека децата биле убиени на друго место и дека биле донесени кај Смилковското езеро.

Убиството го пријавил граѓанин кој заедно со свои пријатели отишол да лови риба на Смилковското езеро. На патот кон езерцето забележал две мртви тела покрај автомобил. Во 22.45 часот се јавил на 192 и го пријавил случајот. На лице место излегле двајца полицајци од СВР Скопје.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости