Кацарска до Талевски: Не сме тука да слушаме за наградите на општината

by fokus

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Tалевски, кој е еден од осомничените во случајот „Транспортер“, при денешниот распит во судот говореше за неговите успес кои ги постигнал како градоначалник. Додека зборуваше за инвестициите и наградите кои ги добила општината, судијката Добрила Kацарска го прекина и му рече да се држи до обвинението.

-Не е предмет на обвинение дали општината била наградувана. Судот има трпение, но држете се до она за кое сме овде, рече Кацарска

Талевски, нагласи дека од 2008 година законски било училиштата да обезбедат слободен превоз за учениците од средните училишта без разлика каде живеат учениците.

Поранешниот битолски градоначалник е првообвинет во случајот „Транспортер“. Тој заедно со уште 22 лица се обвинети за злоупотреби со превозот на ученици во Битола. Штетата од делото кое го сториле се проценува на околу 360.000 евра.

Поврзани новости