Додека улиците се преполни со растрчани луѓе со последните припреми околу најголемиот православен празник „ВЕЛИГДЕН“ јас со неподносливи болки во болничките соби низ матен поглед од насолзените очи ги гледам расфрланите делови од моето срце, а на неговото место чувствувам огромна вдлабнатина исполнета само со празнина.
Од моменталната здравствена состојба во која се наоѓам не сум во можност многу да напишам, но ќе се обидам бар неколку прашања да Ви поставам во отвореното писмо кое на стотици страници сум ги поставила на сите релевантни фактори во МВР, Обвинителството во Република Македониај, сите министерства и премиерите на повеќе влади во Република Македонија меѓу кои и на Вам, бидејќи и Вам од самиот почеток Ви имам испратено десетина претставки со стотина листови од доказен материјал, но за жал никакви промени не чувствувам со промената на власта.
Дел од најголемите криминалци кои ги открив во МВР со моите најсовесно и најпрофесионалн извршени задачи и ден денес се помошници на Министерот Оливер Спасовски.
Ако истите сум ги открила со кривични дела, а тие место да одговараат кривично биле унапредувани и со реваншизам најсурово ме измачувале со децении и тоа преку:
– Киднапирање –за да не изнесам докази;
– Разместување на работни места кои не постојат, па 3 години работев како хигиеничарка;
– Пуштање технолошки вишок со малолетно сираче од 11 години, чиј татко вработен во МВР замина на работа и никогаш не се врати оставајќи го сираче на неполни два месеци;
– Нарачан физички напад од претпоставен од кој завршив на инфузија и неколку месеци на боледување;
– Непочитување на доказниот материјал од физичкиот напад (кој и сега е достапен) со лажни и измислени повреди на работната дисциплина истите поднесоа предлог за мое отстранување, кое потоа беше заменето со 6 месеци намалена плата од 15%;
– Бришење на дел од надворешен стаж – кој во листите за плата од МВР постоел од првиот месец
Кога се вработив на ден 12.04.1982 година и во 2005 година кога со моите најпрофесионално извршени работни задачи открив дека колега кој со години одлежува казна затвор за убиство му се уплатуваат сите придонеси како да е на работа.
Мислејќи дека е грешка ги известив сите релевантни фактори во МВР, но веднаш потоа ми беше забранет пристап до персоналните досиеја на СВР Скопје и ми беа одземени работните задачи со усна наредба од претпоставените.
Безброј преставки имам напишано до сите високи функционери во МВР, а само до тогашниот Министер за внатрешни работи преку архива имам испратено повеќе од десетина, како и до повеќе институции надвор од МВР, но никогаш никој не ми одговори, а место тоа ми дадоа решение за претседател на комисија за вонреден попис на средствата во СВР и МВР.
Мојата посветеност во работата и тука им ги замрси конците. Открив безброј злоупотреби, од исчезнати средства меѓу кои имаше повеќе возила , мобилни телефони од по 500 и повеќе евра на кои МВР им ги плаќаше и телефонските разговори, иако тие со години работеа како приватни адвокати. Во интерес на времето ке наведам еден случај.
– Висок функционер во МВР-СВР во редовниот попис каде бил претседател на комисијата си го отпишал службеното возило што го вози како раздолжено, дури навел каде ги дал ротационите светла и постојано беше отсутен од работното место со возилото.
Еден ден останав да го чекам до крајот на работното време и после тоа, кога се врати му побарав да го отвори возилото за да го попишам, а тој дрско и нервозно ми ја фрли сообраќајната дозвола за од истата да ги напишам податоците. Јас одбив укажувајки му дека ова е вонреден попис и треба да се попишат средствата затекнати на лице место, а не да се прави преписка од старите документи кои не се точни. Тој уште понервозно почна да вика која сум јас со нови правила по кои до сега никој не работел, но јас не отстапив само му го покажав решението за попис и побарав да го отвори возилото. Истиот го отвори возилото ги запишав бројот на моторот и шасијата и заминав во МВР.
Наредниот ден ги споредив податоците од материјалот кој ми беше даден за попис и податоците кои ги прибрав од лице место и открив дека истиот тој господин, возилото што го вози си го отпишал како раздолжено, дури навел каде ги дал и ротационите светла, а во него вметнал сообраќајна дозвола од возило можеби пред 20 години раздолжено.
За сето тоа ги известив сите од кординаторот на пописот, началниците и сите релевантни фактори, но наредниот ден во корпа за ѓубре ги најдов искинати моите пописни листи со податоците од прибраните податоци од лице место, а координаторката ми даде нови кои сами ги пополниле по наредба на началничката (која и во моментот е помошник на актуелниот министер на МВР, г-динот Оливер Спасовски) за да ги потпишам како претседател на комисијата, што јас без размислување одбив макар и решение за отказ да добијам.
Потоа и усно и писмено се обратив со повеќе преставки да бидам изземена од комисијата за попис бидејќи на валкани работи не сакав мојот потпис да стои.
Потоа следуваше ново разместување прво во управни служби, а потоа и во СВР Куманово, надвор од местото на живеење без никаков дополнителен надомест за патување.
Прво бев со работни задачи помошен дежурен во дежурната служба од 07 – 19 часот и од 19-09 часот, но иако ме следуваше полициска униформа никогаш не ја добив.
За да биде измачувањето поголемо по одработено без малку година на тоа работно место од МВР наредуваат да не ме пуштаат во станицата без униформа на работно место, а од МВР не ми ја даваат па така повеќе од месец дена по 12 часови поминувам на клупа пред станицата, не сите но некои колеги не ми дозволуваа ни тоалет да користам за 12 часови.
Побарав новинари да дојдат да ја изнесат мојата мака во јавноста, и дојде едно девојче по име Зорана која била новинар од тогашната А1 ТЕЛЕВИЗИЈА, но началничката на Аналитика во СВР Куманово, која сега е избркана бидејки била со лажна диплома ја избрка Зорана со снимателот, за да не снимаат.
Потоа откако се обраќав повеќе пати со писмени преставки до повеќе институции во Република Македонија, добиле наредба пак да се вратам во дежурна служба, но со променето работно време во дежурна служба од 12 –часовно на 8-часовно и тоа најлошото менување денес прва, утре втора, задутре трета, за да бидам секој ден на работа и да немам ни еден слободен ден, а и да не можам да се враќам за Скопје кога смената ќе ми заврши во 23 часот навечер бидејки последниот автобус од Куманово ми беше во 20 часот, затоа или плаќав за спиење по 500 денари или останував на работа до сабајле но часовите никој не ми ги пишуваше како одработени.
И тоа измачување траеше доста долго, за на крај да реагират од безбројните преставки поднесени до многу институции во МВР и ми се изготви ново решение во полициска станица, но со усна наредба со работни задачи во Аналитика во СВР Куманово само прва смена.
Уште на почетокот воведов новини во работењето на новото работно место кои беа прифатени од сите вработени и им ја олеснив работата и бев среќна што тука можам да ги искажам моите способности за што беше ми изготвен предлог за моја награда од 15%. Зголемен личен доход за месец дена, а и по година дена јас добив највисоки оцени кои се вреднуваа од 1-4, а јас ги имав сите 14- графи чиста четворка.
Но, на криминалната банда во МВР не им се допаѓаше мојата успешност, па затоа предлогот за награда ми остана само сувенир зошто никогаш не ми ја исплатија. Случајно еднаш додека користев денови од одмор се пријавив во денови на Отворена Влада, па кога ја прашав министерката Гордана Јанкуловска зошто не е постапено по мојот предлог за награда, таа ми одговори „ Јас не дозволувам да бидеш наградена“ , а кога ја прашав за причините истата ми одговори „ Ти пред мене одговараш, не јас пред тебе “.
Не ми помогна ни тоа што бев највисоко наградена, бидејки наредната година началничката на Аналитика – сега избркана, не ми дозволи да бидам оценета за втората година, а за третата без да ме оценува и до дека пуштам преставки до Началникот на СВР Куманово и барам да бидам оценета истата со договор на криминалната банда во МВР и Внатрешна контрола пополнуваат незаконски листи за оценување и ме оценуваат без мое присуство со единици.
Преку истата началничка монтираат измислени повреди на работната дисциплина и во рок од недела дена добивам две дисциплински, а за месец дена 3 за да бидам избркана од работа.
Поднесувам тужби, но таму ми одредуваат матичен судија, кој сите тужби ќе ги води за полесно договарање, а до судот доставуваат лажни податоци иако за тоа се одговара кривично, но во држава без право, се’ е можно.
Морам да споменам и за злоупотребите на поединци од СВР Куманово и поединци судии во Основен суд Куманово што им ги открив за кои пишував до сите институции во Република Македонија и повеќе пријави и до Државниот обвинител Марко Зврлевски, но освен што ме оставија без леб 5та-година никому не можев да помогнам…
Иако имам материјал не за книга, туку за филмска серија да се сними од вистината и пеколот низ кој поминав и се уште поминувам овој пат ке завршам со неколку прашања лично до вас:
Почитуван господине премиере:
1.дали јас Зорица Лазаревска со моите работни задачи сум откривала во повеќе наврати кривични дела од повеќе вработени меѓу кои и високи функционери?
- Дали потоа сум киднапирана за да не изнесам докази?
- Дали сум потоа разместена на работно место што не постои, па работев како хигиеничарка полни 3 години до правосилна судска пресуда.
- Дали во меѓувреме сум пуштана технолошки вишок со малолетно 11 годишно сираче признавајќи дека тоа место не постои, но потоа откако поднесов тужба ми е изготвено пак решение кое сами го прогласија дека не постои?
- Дали на работното место каде работев како хигиеничар имаше нарачан физички напад од непосреден старешина?
6 Дали од истиот завршив на инфузија и останав повеќе месеци на боледување?
7. Дали истиот физички напад беше сокриен од високи функционери во МВР-од кои дел се и сега помошници на министерот Оливер Спасовски и од истите беше покренато предлог за мое отстранување од работа, зошто не сум се јавила на работа додека бев на инфузија на клиника и дека не сум доставила боледување за 3 месеци, а боледувањето и за последниот месец -3 ми е одбиено заклучно на плата во јуни, а предлогот го поднесуваат на 14 јули?
Да напоменам дека и сега постојат докази и во книгата за настани и повеќе службени белешки од повеќе службени лица од лице место и од клиника додека бев на инфузија.
- Дали предлогот за отстранување од работа ми беше заменет со 6 месеци намалена плата од 15% и истите пари ми беа одбиени?
9.Дали на колегата што го открив дека лежи во затвор за убиство му се уплатуваа сите придонеси како да е на работа?
10. Дали место нему мене ми бришаат дел од надворешен стаж кој во листите за плата во МВР постоел од првиот месец кога сум вработена во МВР на 12.04. 1982 година па се до 2005 година, а во ПИОМ постои и сега?
11.Дали тогашен висок функционер и сега помошник на актуелниот министер на МВР, Оливер Спасовски ми го уништува пописниот материјал и ми подметнуваат нов невалиден, кој јас одбивав да го потпишам?
12. Дали во МВР се изготвувани решенија за пензија како овластени работници, а истите ниту работеле како овластени лица ниту полагале за овластување?
13.Зошто сум единствената која и со решение и работни задачи сум извршувала како овластен работник, а решение ми е изготвено како неовластено лице?
14. Дали откако ќе се поништи едно решение од државната второстепена комисија останува да важи претходното
15. Дали може правна служба да носи после поништеното ново решение кое ќе има важност три месеци пред истото да биде донесено….
На крај, барам да ми се изготви законско решение за пензија и да ми се врати лебот горко заработен, зошто здравјето ми е крајно нарушено и со месеци сум и без леб и без лекарства, одвреме навреме кога болките не можам да ги издржам одам на ургентен примам инекции и се вракам.
Зорица Лазаревска