Отворена постапка за начинот на кој полицијата се однесувала со граѓаните носени во државен карантин

by fokus

Заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска информираше дека МВР почнало постапка за утврдување одговорност за постапувањето на полициските службеници кон граѓаните кои се враќаат со државните летови и се носат во карантин.

-Со внимание ги следев реакциите на социјалните мрежи поврзани со начинот на извршување на задачите на полициските службеници ангажирани при обезбедување на превозот на македонските граѓани до објектите кои се одредени за карантин. Ве информирам дека во Министерството за внатрешни работи отпочната е постапка за утврдување на одговорност за начинот на кој полицијата постапила. За да воспоставиме ред, прво мора да го имаме во сопствените редови и затоа нема да толерирам непрофесионално и своеволно однесување, напиша Петровска.

Патниците кои беа вратени од Љубљана и Меминген се жалеа дека со часови биле затворени во автобусите без храна и вода, а дел од полицајците биле дрски со нив.

Поврзани новости