Директорката на охридската болница: Не гледам вина кај себе

by fokus

Директорката на охридската болница, Славица Малеска за „А1он“ вели не гледа оправданост во нејзиното разрешување за кое дознала од медиумите и посочи дека подготвува известување до министерството за здравство.

-Изјавата од раководителот на Инфективното одделение исто така е во Министерството за здравство. Нека се произнесе министерот, би сакала тоа да излезе од негова уста. Јас не гледам вина кај мене. Не ми е доставено известување од началникот на инфективното одделение за тоа дека пациентка била одбиена да биде примена. За случајот првпат слушнав откако излезе во порталите, вели директорката.

Поврзани новости