• Произведен во Германија: Opel прославува 120 години производство на автомобили со одлични понуди
• Многу функции: Голем број патнички автомобили на Opel од ADAM до Zafira во едицијата „120 годишни“
• Нуди сè: Помош за паркирање, грење на седиште и управувач, и IntelliLink како стандард
• Атрактивни услови: Клиентите ќе заштедат со специјалната едиција “120 години”
Риселсхајм. Opel ќе го прослави 120-годишното производство на автомобили во 2019 година, а во исто време и 120 години иновативни технологии кои производителот ги има на располагање за поширока група корисници – според мотото на Opel “Иднината им припаѓа на сите”. За да ја прослави оваа годишнина со своите клиенти, Opel лансираше специјални изданија “120 години”. Патничките автомобили како што се ADAM, KARL и Corsa, бестселер Astra, спортското SUV семејство од Crossland X, Mokka X и Grandland X, па сè до компактната Zafirа и луксузната Insignia ќе бидат достапни во специјално издание “120 години” и на тој начин да понудиме бројни најмодерни технологии заедно со новите решенија за дизајн и удобност во стандардна опрема со атрактивни услови. Сега се отворени нарачките за модели од специјалното издание “120 години”.
“Opel“ ја демократизира мобилноста 120 години. Во нашите автомобили, ние нудиме технологии кои ги создаваат трендовите и функциите кои се достапни за сите групи на клиенти. Тоа е она за што се залагаме! И затоа нудиме специјално издание на “120 години” како пакет опрема за толку многу наши модели кои го одбележуваат почетокот на нашата годишнина “, рече Ксавиер Духемин, генерален менаџер за продажба, постпродажба и маркетинг.
Ова специјално издание се наоѓа токму над пакетот “Edition“ и, во зависност од моделот, вклучува системи за помош како што е помош за паркирање (Park assist) или контрола на патувањето (темпомат) како стандард. Функциите како што се греењето на седиштата, греењето на управувачот и подните облоги од велур го зголемуваат нивото на удобност. Моделите од 120-годишното издание стануваат привлечни со елегантни алуминиумски тркала, хромирани елементи на прагови на вратите со лого на Opel, и се разбира, логото „120 години“. И сето ова е достапно по атрактивни цени.
На пример Opel Astra: Компактниот бестселер на Opel веќе нуди многу системи за помош, како што се помош при искачување на рид и темпомат како стандард во својата основна верзија. Исто така и климатизацијата и Quickheat системот за греење сe тука. Предните фарови за магла и помошта за возачот за паркирање во рикверц се додаваат како стандардна опрема во “120 години” варијантите. Греење на предните седишта и греење на воланот по пакет Sight пакет што опфаќа сензор за дожд, автоматски прекинувач за светло со детектор за тунел и електрохромен внатрешен ретровизор овозможуваат пријатна температура и повисоко ниво на безбедност за време на ладните и влажни денови. Покрај тоа, возачите и патниците на Astra со 5 врати и Sports Tourer може да се потпрат на одлично поврзување и забава, благодарение на R 4.0 IntelliLink инфозабавниот систем со седуминчен колорен екран на допир кој е компатибилен со Apple и Android Auto CarPlay системи. Прагови на вратата на која е испишано Opel, алуминиумски тркала од 17 инчи и логото ,, 120 години“ веднаш ја идентификуваат Astra како модел од специјално издание.
Opel Crossland X “120 години” доаѓа со исти внатрешни карактеристики како и Astra. Покрај тоа, SUV моделот што успешно е лансиран минатата година, го има и ThermaTec греењето на ветробранското стакло за јасен поглед за време на студените денови. LED амбиенталното осветлување во централната конзола и вратата ја зголемува позитивната атмосфера во темница. Однадвор, CROSSLAND X ,, 120 години ” блеска со Б столбови во високо-сјајна црна боја, хромирани ленти на покривот, предните и задните подлоги за заштита на шасијата и алуминиумски тркала во антрацит боја со дизајн на четири двојно краци.