Отворен Ковид центар во гостиварската болница

by fokus

Денеска беше пуштен во употреба Ковид центарот во гостиварската болница.

-Денеска го пуштивме во употреба модуларниот КОВИД центар во гостиварската болница, каде ќе има најсовремен рентген апарат и ЕХО апарат со сите потребни сонди за преглед на пациенти. Во моментов, здравствената состојба во Гостивар е стабилна, но граѓаните мора да продолжат со почитување на мерките за заштита, истакна министерот Венко Филипче.

Тој додаде дека условите во болницата се подобрени.

-Условите во болницата ги подобривме. Реновирани се операционите сали, а наскоро ќе биде реновирано и интерното одделение. Годинава, за првпат установата добива и апарат за магнетна резонанца. Коронавирусот ни докажа дека јавното здравство е едно од столбовите во општеството. Со вложување и подобрување на состојбите продолжуваме и понатаму, додаде Филипче.

Поврзани новости