Николовски: Повеќе од 80.000 граѓани го ажурираа членството во СДСМ

by fokus

СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството при што се ажурирани повеќе од 80.000 членови.

– Низ целиот процес на ажурирање имавме и илјадници нови членови, првенствено млади лица кои пристапија кон ова македонско социјалдемократско семејство. Граѓаните ги препознаваат успешните политики на СДСМ, препознаваат дека правдата, напредокот, развојот и интеграцијата се можни само со СДСМ и затоа секојдневно се приклучуваат. Тоа е нова енергија, нова додадена вредност за нашата партија – рече денеска генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Тој потсети дека на 21 март ќе се одржат првите внатрепартиски неспосредни избори, на кои секој член ќе може да гласа за новиот претседател на СДСМ.

Лидерот Зоран Заев засега е единствен кандидат за претседател на СДСМ.

Поврзани новости