691
Подобра поврзаност на граѓаните и на бизнис заедницата, како и зголемување трговската размена, ќе овозможи новиот граничен премин Белановце Станчиќ кој денеска беше пуштен во употреба.
Преминот првенствено ги поврзува Липково и Гњилане, но и општините кои гравтирираат во овој дел од државата и соседното Косово.
На свеченоста присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, неговиот косовски колега Енвер Хоџај, како и градоначалниците на Липково и Гњилане, Еркан Арифи и Љутфи Хазири.
Граничниот премин е изграден со средства од ЕУ, преку ИПА програмата. Објектот чини 1,2 милиони евра, обезбедени од ЕУ во рамки на прекуграничната соработка, со поддршка на државата од 10 проценти. Изградбата на патот од село Слупчане до граничниот премин Белановце од 15 километри ја финансирала државата и чини шест милиони евра.