СЕММ: Порталот „Фокус“ не го прекршил кодексот на новинарите

by fokus 15:20
15:20

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја отфрли жалбата на Енис Муртези, против интернет порталот „Фокус“, како неоснована.

-Интернет порталот „Фокус“, со текстот насловен „Тимоние: Зошто немаме студенти Албанци со ист успех како македонските во Франција“, не го прекршил кодексот на новинарите.

Во продолжение образложението на одлуката на Комисијата за жалби:

- Advertising -

На седницата на 16 јануари 2020 година, членовите на Комисијата за жалби ги разгледаа наводите на жалителот и извршија увид во спорната содржина.

-Комисијата, најпрво, утврди дека се работи за текст кој пренесува изјава на францускиот амбасадор Кристијан Тимоне, која се однесува на стипендирање студенти за учење француски јазик во неговата земја. Комисијата се согласи дека текстот во целост е коректен и етички, но дека медиумот очигледно направил ненамерна грешка во насловот, со што содржината добила поинаква конотација. Имено, интернет-порталот „Фокус“ пренесувајќи цитат од изјавата на амбасадорот во рамките на насловот го испуштил зборот „да“.

Тимоние: Зошто немаме студенти Албанци со ист успех како македонските во Франција?

Тимоние: Зошто да немаме студенти Албанци со ист успех како македонските во Франција?

Комисијата во ваквиот пропуст, не препознава јасна намера или скриен обид за манипулација, а со тоа не најде доволно елементи за да констатира прекршување на новинарските стандарди. Ова од причина што „Фокус“, во меѓувреме го коригирал насловот, препознавајќи го пропустот, за кој изрази жалење и во одговоро на наводите на жалителот.

Во овој контекст, Комисијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни при дефинирањето на насловите и тие секогаш да бидат во корелација со содржината и цитатита за да се избегне опасноста од дезинформирање и манипулации.

Во исто време, Комисијата ја цени, и во оваа прилика, ја поздравува подготвеноста на медиумите да направат корекции, кога ќе се утврди пропустот во содржината. На тој начин, новинарот го штити сопствениот интегритет и интегритетот на медиумот во кој што работи.

 

Поврзани новости