394
Отворен Балкан“ не значи дека сите прашања на Балканот се затворени. Но, да се отвори Балканот, тоа веќе е прашање на далековидост и широчина, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
„Процесот е започнат, а „Супстрати“ е доказ за цврстината на стеблото што го негуваме.
Претставувајќи неверојатни дела од уметници кои потекнуваат од Северна Македонија, Србија и Албанија, оваа изложба е доказ за трансформативната моќ на уметноста и културата во обединувањето на нациите.
Уверена сум дека оваа изложба ќе ја привлече меѓународната јавност која овде ќе го открие извонредниот спој на традицијата и иновативноста,преку балканските приказни раскажани од талентираните уметници.
Ова е настан кој нè поврзува со нашите корени и преку кој ги славиме нашите заеднички врски и иднината во евроинтегративните процеси“, истакна Стојчевска.