290
Откупот на тутунот се одвива непречено, без проблеми и според динамиката се очекува да заврши до Нова Година, информираат од Државниот земјоделски инспекторат. Досега се откупени преку 9 000 тони по просечна цена од над 275 денари за килограм.
Според Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат, откупуваат сите 10 компании и досега нема оспорена проценка.
– Тутунот се откупува со забрзано темпо. Дневно, компаниите преземаат околу 1000 тони и со оваа динамика, се очекува откупот да заврши пред Нова Година. Досега се преземени над 9 000 тони, а просечната цена е преку 275 денари за килограм. Нема ниту едно оспорување на проценката и солидниот квалитет ќе донесе и повисоки субвенции за тутунарите, вели Станкоски.