Откриено изненадувањето кое Калиопи го најави со Ромео Грил

by fokus

Големото изненадување, кое поп пејачката Калиопи го најави пред два месеци, а за кое откри дека е поврзано со нејзиниот поранешен сопруг, композиторот Ромео Грил, денес беше претставено пред јавноста.

Станува збор за дуетска песна на Калиопи и Жељко Самарџиќ, насловена ,,Знам”, која е авторско дело на Ромео.
Таа денес најави промоција на песната и видео записот во Скопје, која ќе се одржи наредниот вторник, на 25-ти април, заедно со Самарџиќ, кој пак викендов имаше настап во Радовиш.

Кога во февруари објави дека на јавноста и подготвува големо изненадување поврзано со Ромео, и дека подобар нов почеток не можела да си посака, таа само ги подгреа гласините дека со Грил и дале нова шанса на љубовта.

Инаку, парот беше долги години во брак од кој го имаат синот Пако. Во ек на популарноста се преселија во Швајцарија, а по десет години се разведоа и Калиопи се врати во Македонија.
И покрај разводот, ја продолжија музичката соработка и често се појавуваат заедно.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости