Четири сајтови и шест профили на социјалните мрежи откри Дирекцијата за борба со кибер криминал на грчката полиција по завршениот прв дел од истрагата поврзана со ширење лажни вести и поттикнување на граѓаните на постапки против јавно здравје, безбедноста и државата. Станува збор за сајтови и профили кои ширеле лажни вести поврзани со вакцинацијата и Ковид-19.
Истрагата започна по наредба на министерот за цивилна заштита Такис Теодорикаку и денеска беа објавени првите резултати, а за конкретните сајтови и профили постојат докази дека се виновни за ширење лажни вести, поттикнување непослушност и обид за измама.
Конкретниот материјал од истрагата е доставен до Обвинителството во Атина, кое ќе спроведе прелиминарна истрага и понатамошна истрага за случаите.
Од надлежното Министерство додаваат дека истрагите на Дирекцијата за борба со кибер криминал продолжуваат и за конкретните 10 случаи, но и за други случаи што може да се откријат.