(ФОТО) Заев и посака добредојде на Фон дер Лајен

by fokus

Првиот човек на Владата на Македонија, Зоран Заев денеска ја пречека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Како што напиша тој на социјалните мрежи, оваа посета е уште едно охрабрување и признание за нашите исполнети задачи на тој пат.

„Искажавме заедничко очекување дека на претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија ќе има придвижување во однос на проширувањето на ЕУ, како нејзина стратешка цел, а со тоа и одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на оваа година.

Во меѓувреме остануваме партнери и сојузници во справувањето со пандемијата, во спроведувањето на политиките за регионална соработка и европеизација на земјите од Западен Балкан со најавената силна поддршка од Европската Комисија“, истакна Заев.

 

Поврзани новости