744
Регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија и претставниците на Меѓународната организација за мигранти денеска соопштија дека изминатите 24 часа македонските безбедносни сили привеле 80 мигранти кои нелегално влегле во Македонија и ги сместиле во предприемниот шатор на ПТЦ Гевгелија. Оттаму по извршување на проверка од страна на МВР тие се враќаат на грчка територија.
Во ПТЦ Гевгелија се уште престојуваат стотина мигранти кои останаа заглавени откако за нив се затвори балканскиот коридор.
Најголемиот дел од илегалните обиди за преминување на границата се случуваат источно од каменот 59, поточно на потегот од граничите населени места Богордица и Селемлија.