Откриен е идентитетот на малолетникот кој во кругот на општина Карпош ја нападна Магдалена Несторовска, екс шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски и актуелна координаторката на советничката група на СДСМ во оваа општина, дознава Centarnews.
Станува збор за лицето Јован С. активист и член на ВМРО-ДПМНЕ Центар, кој се уште нема полни осумнаесет години, а во улога на организатор и снимател по нарачка на партијата, јавно ја навреди и осуди Несторовска.
Несторовска за „Фокус” ги потврди информациите дека тој е момчето што ја нападнал.
Се очекува полицијата да го повика на сослушување со родител, а како постар малолетник се гони по приватна тужба од Несторовска. Според законот за вакви дела, санкциите од судот можат да бидат од укор, парична казна и малолетнички затвор.
Инаку,Несторовска е само една од „жртвите” на исценираните вербални напади од страна на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, кои се со намера да се застрашуваат новинари и членови на СДСМ.