541
Новоотворената провладина телевизија, ТВ Нова дала откази на 35 вработени, а наскоро ќе следи уште еден бран отпуштања, јави А1он.
Пред пет месеци медиумот вработи 150 луѓе, а сега покрај овие откази планира да отпушти уште 15 вработени, за вкупнта бројка да ја намали на 110 лица.
Изворите на А1он брифираат дека избркани се искусни новинари, а оставени се млади неискусни кадри кои дошле во медиумот да учат.
Засега избркани се осум новинари, четворица од деск,четворица монтажери и шофери, а останатите се уште не биле известени за чистката на вработените во ТВ Нова.