Медиа Принт Македонија ќе отпушти дваесетмина вработени новинари и технички лица од весниците Утрински, Дневник, Вест, Теа Модерна и Спорт.
Како што дознава НОВА, најголем дел од листата за отпуштање се новинари од стариот состав на Вест.
Од Вест си заминуваат поранешните помошници на уредникот од основачкиот состав Марина Костова и Снежана Ванкова, како и новинарите Орданче Костов, Елица Бучваровска, Бети Тимиовска и Мирослав Илиоски и плус еден возач и дактилографка. Од „новите луѓе“ во Вест донесени по промена на уредничкиот тим, медиумот ќе треба да го напушти само новинарката Ивана Трајковска.
Со одлуката МПМ соопштиле дека бројот на вработени лица се намалува од деловни причини, бидејќи компанијата е во криза.
Инаку, пред точно една година, тимот на „Вест” протестираше пред прозорецот на канцеларијата на претседателот на извршниот одбор на МПМ, Срѓан Керим, откако компанијата најави дека ќе следуваат отпуштања на десетици вработени и намалување на платите од 10 до 20 отсто.