Професионалните војници најавуваат штрајк

by fokus

Незадоволни од платите и условите во кои работат, професионалните војници најавија штрајк, барајќи одговорност од надлежните за проблемите со кои се соочува армијата.

Од независниот Синдикат на професионалните војници се пожалија од ниските примања, доцнењето на дневниците и како што велат нечовечките услови за работа.  Освен велат дека не добиваат пари ниту за патни трошоци и закупнини.

Поради незадоволството во армијата и наталожените проблеми велат може да биде загрозена безбедносната состојба.

Поврзани новости