Портпаролот на Европската Комисија, Мина Андреева информираше дека Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер ја откажал средбата со премиерот на Република Македонија Никола Груевски, која претходно беше најавена за во четврток.
На денешната прес конференција во Брисел Андреева соопшти дека во моментов не е соодветно да има средба поради развојот на ситуацијата во Македонија.
Ова требаше да биде прва средба на премиерот Груевски со првиот човек на Европската комисија, кој доаѓа од сестринските европски народни партии.
Посетата беше најавена на редовната прес-конференција минатиот петок од портпаролот на ЕК.
Откажувањето на средбата доажа само неколку дена по посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Тој за време на посетата истакна дека кризата на крајот ќе мора има политичко решение, нагласувајќи ги главните предизвици на земјата како судството и слободата на медиумите.