Вести од Македонија: Нова мерки од МОН, скандал во здравството, промоции во судството..

by lali 14:38
14:38

Нова мерки од МОН: Поради намалената употреба и примена, МОН реши да го повлече предметот „логика“ од сите образовни установи во републиката. Како замена на овој предмет се предлага предметот „партиска послушност“ за кој се претпоставува дека ќе биде ставен во групата на задолжителни предмети.

Скандал во здравствотo:На интернет порталот Јутуб се појави аудио на кое не се слуша како Заев неколку пати се јавувал и закажувал мој термин а потоа не се појавувал на закажаните прегледи со дел да створи револт кај докторите. Се претпоставува дека до овие видеа дошол министерот Тодоров преку проектот „Ало, докторе“.

- Advertisements -

Промоција во судството: Во меѓупростор и време на сите збиднувања, сакаме да ги потсетиме читателите дека во македонското судство се уште трае специјалната понуда за судии: „Buy one, get one free.“ Затоа побрзајте додека не ги затворат ваквиот тип на судии промоции.

 

Бонус – ФОТО на денот:

foto

 

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните политички збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.