Од „вранецот“ којшто нема да го откупат винариите, ќе се прави алкохолен дестилат

by fokus

Од грозјето „вранец“ кое нема да го откупат винариите, а е со полош квалитет поради лоши временски услови, ќе се прави алкохолен дестилат. Но, и сопствениците на тоа грозје ќе ги добијат предвидените субвенции од државата од два плус два денара. Дополнителната мерка, пак, поврзана со алкохолниот дестилат, ќе ја чини Владата речиси скоро два милиона евра.

Ова беше соопштено по денешната работна посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа во Кавадарци. Тој рече дека имал навистина добар состанок со Здружението на лозарите и претставници на дел од винарските визби.

-Ние синоќа до касно заедно со премиерот и економскиот тим во Владата ги разгледувавме сите можни опции како да се излезе во пресрет на оваа новонастаната ситуација со грозјето. Ние мора да изнајдеме решение во делот на тоа како да им се излезе во пресрет на лозарите, но секако имајќи го во предвид и интересот на винарските визби. Тука се мерките предложени досега, што значи тие четири денари субвенции за да се достигне ланската цена на грозјето и поддршката кон извозот на флаширано и наливно вино, која беше како супституција во транспортот. Исто така, и извозот на винско грозје до одредени количини што предвидуваше до 12 милиони килограми два денари, од 12 до 25 милиони килограми три денари и над 25 милиони килограми – четири денари, рече министерот.

Тој информираше дека денеска била претставена и новата мерка.

– Заради квалитетот на грозјето што има под 18 малигани, ние додатно како Влада ќе помогнеме со дополнителни четири денари за тоа грозје чија намена нема да биде за вино, туку ќе биде друга намена како на пример дестилат или концентрат за сокови. Мислам дека веќе имаме решение, ќе се излезе во пресрет. Поголемиот дел од винарските визби кажаа дека можат да ги прифатат количините, соопшти министерот Хоџа.

Поврзани новости