443
Негувателка со врело кафе изгорела пет годишно дете во градинка во Скопје. Кафето на учителката и се истурило додека поминувала покрај креветчето во кое било девојчето. Детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница. Директорот на градинаката најави отказ за негувателката.
Инцидентот се случил вчера околу пладне додека децата спиеле во објектот „Чекорче” кој е во состав на градинката „Срничка“во Аеродром. Случајот во полиција го пријавила 33 годишната мајка на девојчето.
Директорот на градинката Јоаким Димулков најави дека подготвува отказ за наставничката.