Откако ВМРО ќе го усвои новиот статут, Груевски дефинитивно нема да биде почесен претседател

by Фокус

По усвојувањето на новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дефинитивно ќе ја загуби титулата почесен претседател, што ја доби на последниот партиски Конгрес во Валандово, велат за Фокус високи партиски извори, откако во јавноста се наметнаа дилеми дали новиот статут ќе важи само во иднина или автоматски ќе означи прекин на оваа функција доколку била доделена во минатото.

-Толкувањето дека одлуката за избор на почесен претседател е донесена на Конгрес и не може да се отповика е лаичка. Мицкоски вчера беше многу прецизен дека позицијата ќе биде укината со новиот статут, кој е дел од реформите во партијата. Тоа значи дека функцијата веќе нема да постои и никој нема да може да ја врши, независно што е избран согласно друг статут – велат нашите соговорници.

Поврзани новости