Откако денеска на прес конференција Драган Угриновски, потпретседател на Единствена Македонија мафташе со исказ на заштитениот сведок „Ц1“ даден за предметот „27 април“, обвинителката Вилма Рускоска ги предупредува сите да внимаваат, бидејќи може да се доведат до несакана ситуација.
Имено, Угриновски повикувајќи се на исказ на заштитениот сведок, кој сѐ уште во судница не сведочел за насилниот упад во Собранието, денеска тврдеше дека набрзо и нивниот лидер Јанко Бачев ќе бил уапсен, бидејќи сведокот го посочил како дел од групата, односно им помагал на дел од обвинетите да избегаат во јужна Србија и да се спасат од проганот на полицијата. Угриновски се правдаше дека исказот на сведокот бил најден во поштенското сандаче во седиштето на партијата.
„Фокус“ ја контактираше обвинителката Рускоска која ја прашавме од каде може Угриновски да го добие записникот, при што таа предупреди на внимателност.
-Додека предметот беше во предистрага и истрага ништо не истече во јавност. Сега овие записници ги имаат и бранителите. Затоа предупредуваме на крајна внимателност, бидејќи сепак станува збор за заштитен сведок, па со објавување на вакви информации некој може да се доведе во несакана ситуација, ни изјави обвинителката Рускоска.
В.В.