Ниту еден договор не може да го промени идентитетот, пораки од улица „Македонија“

by fokus

На јавниот простор на улица „Македонија“ и скопскиот плоштад поставени се дваесетина постери со различни пораки, а урбано-уметничката акција се спроведува во рамки на граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој!“, посветена на идентитетот и манипулациите со него.

Лицата кои ја водат кампањата велат дека идентитетот претставува внатрешна слика која поединецот или колективот ја создаваат сами за себе, наспроти промените кои се случуваат во околината и општеството, додавајќи дека идентитетот е образец кој поединецот или колективот го манифестираат во своето комуницирање, однесување, само-претставување, и на тој начин го заокружуваат својот систем на вредности, верувања, убедувања и осознавања.

Тие посочуваат дека националниот идентитет е само дел од лепезата идентитети кои не формираат како личност. Врз целосното формирање на идентитетот влијаат мноштво особености: јазик, географски одлики, вера, обичаи, кујна, фолклор, традиција, како и ред други одлики: раса, пол, возраст, политички убедувања, лични афинитети и се што ни овозможува да ја создадеме сликата за себеси.

Истакнуваат оти ниту еден договор или каква било промена од „виша сила“, не може да дефинира или промени нечиј идентитет бидејќи тој претставува лична слика за тоа како се гледаме себеси и каде припаѓаме.

Лицата кои ја водат граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој!“ упатија апел до граѓаните да ги погледат постерите и да размислат за пораките. с

Поврзани новости