459
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера околу 23 часот на тротоар на булевар „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Форд С макс“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Н.С.(48) од Голема Речица, удрил во велосипед, управуван од Ф.Д.(22) од Поградец.
„Н.С. го напуштил местото на настанот, но подоцна сам се пријавил. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово“, велат од полицијата.