Откако Трамп кажа дека „преговорите се мртви“ талибанците заминаа на средби во Русија

by Fokus

Преговарачка екипа на авганистанските талибанци допатува во Русија, само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите со нив се „мртви“, пренесуваат американските медиуми.

Портпаролот на талибанците, Сухаил Шахин, изјави дека делегацијата веќе одржала консултации со Замир Кабулов, пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан.

Руските медиуми пренесуваат изјава на неименуван портпарол на руското Министерство за надворешни работи дека на состанокот во Москва била истакната неопходноста од повторно отворање на преговорите меѓу САД и талибанците  и дека оваа група ја покажала подготвеноста за продолжување на дијалогот.

Ова е прва меѓународна посета на талибанците откако пропаднаа преговорите со Вашингтон.

Поврзани новости