Партиите денеска со ист став дека во саботата донесениот Законот за финансирање на политички партии предвидува намалување на средствата што се предвидени за политички партии и тоа по 30 отсто за оваа и следната година.
Пратеничката Фаница Николоска од СДСМ изјави дека ако се спореди со 2019 година токму поради економската криза предизвикана од корона вирусот има намалување со 30 отсто.
-Тоа е со консензус на сите политички партии освен од една која што беше против тоа намалување предложено од другите политички партии. Секако СДСМ како одговорна политичка партија и во изминатиот период и Владата предводена од СДСМ покажа во духот на солидарноста дека е секогаш спремна и Владата да им помогне на граѓаните со предвидување финансиски средства со кој што беа опфатени граѓаните од најранливите категории со изминатите три пакети мерки, сега на ред е и четвртиот пакет мерки, рече Николоска.
Никола Мицески, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека средствата за политичките партии се намалени и оти опозициските пратеници, онака како што најавиле, учествувале при носењето на законите поврзани со ковид – кризата.
– Практично со новото законско решение го намаливме финансирањето на политичките партии, кое што законски е уредено на 70 проценти, за оваа и наредната година или во суштина за 60 проценти намалување на финансирањето на политичките партии во наредните две години, имајќи ја во предвид економската, здравстената криза и она што значи работа на државата во наредниот период, рече Мицески.
Како за 3,5 милиони евра народни пари лутите ривали станаа срамежливи партнери